Николовски: Исплатени 5,5 милиони евра субвенции на 26.300 земјодлеците за житните култури
Запознавање со преблемите на земјоделците од Тетовско како и нивните сугестии и предлози но и промовирање на политиките за подобрување во земјоделството во регионот и пошироко во целата држава, беше целта на денешната посета на Тетово на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски каде заедно со повеќе директори и други носители на функции од овој сектор имаше средба со земјоделците од регионот.
Според министерот Николовски, денешната средба е само продолжување на нивната практика секоја сабота да посетат друг регион во државата и да се сретнат со земјоделците. Тој се осврна на практиката за навремено и редовно исплаќање на субвенциите.
-Вчера беа исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра за над 26.300 земјоделци за субвенционирање на житни култури тогаш кога им се потребни за да ги вложат во новото производство за годинава. Минатата недела беа исплатени 16 милиони евра за субвенција за грла добиток и тоа неселективно во еден ден целосна исплата на субвенциите за сточарите. Претходната недела исто неселективно и во еден ден лозарите од тиквешкиот регион добија 9 милиони евра субвенции, рече Николовски.
Тој најави дека годинава ќе продолжи и субвенцијата за полјоделски култури зголемена за 20 отсто како и 10 отсто зголемување за сточарството по грло добиток со развоен потенцијал.
-Годинава се предвидуваат и нови мерки како зголемување на поддршката за предадено овчо млеко на 4,5 денари по литар. Дополнително преку Програмата за рурален развој обезбедуваме поддршка за фотоволтаични колектори и водопоила на бачилата. Преку истата програма кај набавката на добиток драстично ја зголемуваме поддршката за сточарите од 200 илјади евра колку што предвидовме минатата година за сега таа да изнесува 1,5 милиони евра за набавка на приплоден добиток по олеснети критериуми по барање на сточарите, изјави Николовски.
Тој најави дека за правилна распределба на субвенциите и за утврдување на точниот број овци почнувајќи од овој месец до 30 јуни во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се изврши земање крв од сите овци за утврдување на еветуално постоење на брицелоза при што вакцинирањето на овците ќе биде субвенционирано со 50 осто од страна на државата.
-Кај градинарството финасиски ќе се поддржи вкупната засеана површина со сите култури наместо нивно двоење како досега, кај јаболката наместо предадени килограми ќе се субвенционира по површина на опфат на површина на овоштарникот при што наместо 33 илјади денари за хектар таа се зголемува на 40 илјади денари за истата површина, а кај развојните земјоделски стопанства со површина од еден до пет хектари оваа поддршка ќе изнесува 50 илјади денари. Дополнителни 15 проценти или 57 илјади и 500 денари за хектар ќе добијат оние насади со јаболка на поголеми надморски височини, посочи Николовски.
Од заложбите за задржување на луѓето во земјоделството Николовски информираше за намерата по препорака и од ЕУ за поддршка на 15 илајди мали земјоделски стопанства при што тие што имаат до 0,5 хектари ќе добијат дополнителна подршка од 6.000 денари, додека тие со површина до еден хектар 12 илјади денари.
-Сакаме да ги задржиме луѓето во нивнит села, да не се откажат од земјоделството и за тоа предвидени се околу 2 милиони евра. За младите фармери наместо 10 илјади евра неповратни грантови сега предвидуваме 20 илади евра и ги олеснуваме административните процедури, рече Николовски.
Според него Северна Македонија е водечка во регионот за 2018-та година по искористување на средствата од ИПАРД програмата за поддршка од ЕУ.
-За што поголемо искористување на овие средства од ЕУ ние започнавме со агресивна и медиумска и кампања на терен со која беа опфатени 90 населени места. Ако во претходните 11 години во вкупно 12 повици беа поделени 16 милиони евра од ИПАРД, во 2018-та за само еден повик беа поделени 22,3 милиони евра. Годинава и покрај големиот број празници во јануари, само за два повика од ИПАРД имаме проекти со кои се побаруваат 30 милиони евра, изјави Николовски.
Тој се осврна и на капиталната инвестиција од средината на минатата година за Полошко за почеток на изградбата на новиот водоснабдителен канал Равен – Речица вреден околу 16 милиони евра од буџетот на ова Министерство како уште еден доказ дека вакви и слични инвестиции се планираат за сите региони во земјата со цел да им се помогне на земјоделците.
-Вкупно за целата држава ние имаме планирано над 150 милиони евра за капитални инвестиции, меѓу кои се изградба на браната Конско вредна 35 милиони евра, системот за јужно-варадарска долина вреден 15 милиони евра за околу 2.000 хектари, Оризарска брана на Кочанска Река, подсршката за осум мали хидросистеми за наводнување итн., изјави Николовски.
Во однос на мерките за спречување на полавите и намалување на штетите на земјоделците во Полошко како еден од регионите каде се повторуваат вакви состојби, Николовски рече дека пред една недела во соработка со Министерството за транспорт и врски имале состанок со сите градоначалници од овој регион за долгорочно решавање на овој проблем за што била формирана и работна група што ја предводи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.