ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Не знам уште колку долго ќе останам жив, му рекол Зеленски на австрискиот канцелар

Австрискиот канцелар Карл Нехамер на денешната прес-конференција по средбата со баварскиот премиер Маркус Седер изјави дека претходно имал телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски.

„Украинскиот претседател го започна разговорот велејќи дека доаѓа од земја за која не знае колку долго ќе постои и дека зборува како претседател кој не знае колку долго ќе остане жив“, рече Нехамер.

Според Нехамер, Зеленски „молел за помош од Европа и светот“ и „се плашел за опстанокот на својата земја“. Австрија ги поддржува строгите санкции против Русија, нагласи Нехамер.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.