НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА ОНИЕ КОИ ЗАЗДРАВЕЛЕ ОД КОВИД-19 ИМААТ ИМУНИТЕТ, ОБЈАВИ СЗО
Моментално нема докази дека оние кои заздравеле од коронавирусот се стекнуваат со имунитет, објави Светската здравствена организација.
„Дури и ако имаат антитела против КОВИД-19, тоа не значи дека овие лица се заштитени од повторно заразување“, соопшти СЗО.
Постои раширено мислење дека луѓето кои заздравеле од коронавирусот развиваат антитела кои го напаѓаат вирусот и спречуваат повторно заразување. Во некои држави, како Велика Британија, тестирањето за антитела е еден од темелите на владини стратегии за борба против коронавирусот и олеснување на рестриктивните мерки.
СЗО изјави дека е против тоа на луѓето кои биле заразени да им се издаваат таканаречени „пасоши за имунитет“, сметајќи дека тоа може да го зголеми ризикот од ново ширење на заразата.