ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нема да може да се купуваат повеќе шишиња со масло за јадење

Никој нема да може да купи пакет со масло за јадење или некоја поголема количина. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека Министерството упатило известување до сите трговци, во кое се препорачува тие да не дозволуваат поединечна продажба на големи количини.

– Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети. Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци, со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување масло за јадење од сончоглед во однос на редовната потрошувачка, се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар. Купувања има и од домашни и од странски купувачи – изјави Бектеши.

Ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година, најави Министерството за економија, но без да прецизира колку шишиња се дозволени по купувач.– Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат – изјави Бектеши.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.