ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нема бел леб во продавниците – Производителите останаа на одлуката

Пекарите ја исполнија заканата и денеска ниту печат, ниту испорачуваат леб.

Иако маркетите ги сменија цените на рафтовите, тие останаа празни.

Сител направи теренска проверка во десетина маркети во центарот на Скопје, и само во еден маркет забележавме дека има поголем избор на леб, но само на поскапите видови чиј рок е далеку поголем од белиот и полубелиот.

Единствено во еден ланец, кој има своја пекара можеше да се најде бел и полубел леб.

Некаде, празни останаа и рафтовите со брашно, бидејќи граѓаните велат дека не стравуваат од протестот на пекарите и сами ќе го печат лебо.

Пекарите не сакаат да говорат пред камера, но велат дека ќе ја почитуваат одлуката и печките ќе останат изгасени се додека трае одлуката за замрзната цена.

Владата вчера донесе одлука да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Ова наиде на остри критики од пекарско-мелничарската индустрија, бидејќи велат дека тоа не може да оди на нивна штета, и доколку државата сака да замрзне некоја цена, мора да им даде повластена цена материјалите за производство.

Цената во Србија, на пример, е замрзната уште од минатата година по стартот на војната во Украина. Но таму, пекарите кои го произведуваат заштитениот вид на леб – „Сава“, добиваат помош од државата.

-Цената на лебот во Србија е речиси двојно поевтина од сите земји во регионот, а да не споредуваме со државите од ЕУ. Тоа е од проста причина што ние добиваме голема помош од нашата држава преку собвенции и преку поевтина цена на брашното, вели за Сител претседателот на Унијата на пекари на Србија, Зоран Пралица.

Но, и таму пекарите имаа предизвици, особено што не можеа да се договорат со ланците на маркети околу маржите за другите видови на леб. Државата во минатиот период ја зголеми замрзнатата цена од 28 на 30 денари.

-Имавме поволни цени другите енергенси, тие скокнаа сега малку во јануари. Затоа ја коригиравме цената од 53,5 на 57 денари. Но и поради зголемувањето на платите што беше пракса во последните година и пол. Платите речиси ни се дуплираа, што доведе до тоа цените на лебот да се зголемат, дури и на заштитениот вид на леб, вели Пралица.

Ставот на надлежните е дека и без помош од државата, пекарите ќе имаат профит ако лебот го продаваат по 33 денари.

-Ние не треба следиме примери на други државани, ни на Албанија, па ни на Србија, ни на други држави бидејќи ние сме Северна Македонија. Ние имаме наши институции кои работат секојдневно на утврдување на вакви појави, вели министерот Бектеши.

Замрзнување на цена без повластување на компаниите освен во Македонија, има само во Белорусија, Индија и Египет.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.