ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ТРАМВАЈ ВО УТРЕХТ

Неколку луѓе се повредени откако маж отворил оган во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави полицијата.

На местото на инцидентот се итни служби, како и антитерористичка единица, а плоштадот во близина на трамвајска станица во западниот дел на градот е блокиран од полицијата.

„Маж почна да пука без контрола“, изјави еден сведок.

Пукањето се случило во 10.45 часот, по што бил запрен целиот трамвајски сообраќај во градот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.