ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Неделков е оптимист за денешната средба со МОН: Има простор за решение што ќе ги задоволи двете страни

Пред новата средба на СОНК и МОН, која во моментов е во тек, синдикалниот лидер Јаким Неделков изрази очекување за приближување на ставовите со Министерството за, како што рече, преговорите да завршат позитивно и додаде оти има изгледи за позитивни сигнали за конечно решение

Претходно денеска, првиот човек на МОН, министерот Јетон Шаќири, истакна дека темата на денешните преговори со СОНК нема да биде процентот за зголемување на платите во образованието, но оти оваа тема ќе се дискутира на почетокот на следната недела

Секако дека идеално решение не може да се најде, меѓутоа има простор за соодветно решение што ќе ги задоволи двете страни. Оптимизмот постои од двете страни, истакна денеска лидерот на СОНК, Јаким Неделков, пред почетокот на денешната преговарачка средба на Синдикатот со Министерството за образование и наука на која двете страни треба да се усогласат за отворените прашања во врска со платите и колективните договори во основното и средното образование.

Пред новата средба на СОНК и МОН, која во моментов е во тек, Неделков изрази очекување за приближување на ставовите за, како што рече, преговорите конечно да завршат позитивно.

„Останува да видиме со какви резултати ќе излеземе денеска. Ни остануваат уште неколку дена, но изгледно е и денеска да има позитивни сигнали за конечно решение“,

изјави Неделков.

Претходно денеска првиот човек на МОН, министерот Јетон Шаќири истакна дека темата на денешните преговори со СОНК нема да биде процентот за зголемување на платите во образованието, но оти оваа тема ќе се дискутира на почетокот на следната недела.

„Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира. Има пресметки од Министерството за финансии и очекувам на почетокот на идната недела и за ова прашање да имаме конечен одговор и конечен договор помеѓу двете страни“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.