ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Неделава ќе се ограничат цените на неколку вида овошје и зеленчук

Освен ограничувањето на цените на дел од земјоделските култури, министерот за економија Бектеши најави дека на утрешната владина седница најверојатно ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи на истиот начин како што тоа е направено кај прехранбените производи
Во текот на оваа недела Владата со одлука, најверојатно, ќе замрзне од пет до шест земјоделски производи.

Ова денеска го најави министерот за економија Крешник Бектеши кој за време на посетата во маркет во Тавталиџе кажа дека ги добил анализите од Министерството за земјоделство во однос на цените на земјоделските култури и дека најверојатно во текот на оваа недела Владата ќе ги ограничи цените на неколку вида овошје и зеленчук.

„Денеска во текот на денот мојот тим работи и најверојатно повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени што ги пријавуваат трговците кои се занимаваат со овошје и зеленчук за да видиме колкава е разликата во делот на маржите за да можеме во текот на оваа недела и увозните производи, главно овошни да ги замрзнеме“,

кажа министерот за економија Бектеши за време на посетата на маркет во Тавталиџе со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат.
Ова следува откако вчера Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) даде поддршка за ограничување на цените на овошјето и зеленчукот велејќи дека таквиот потег во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.

Сепак, нагласи дека крајната одлука е во рацете на Министерството за економија.

Министерството за земјоделство даде поддршка за ограничување на цените на овошјето и зеленчукот

Освен ограничувањето на цените на дел од земјоделските култури, министерот за економија Бектеши најави дека на утрешната владина седница најверојатно ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи на истиот начин како што тоа е направено кај прехранбените производи.

„Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието се со цел да донесат закони коишто се во интерес на граѓаните како што беше законот за намалување на ставките на ДДВ за одредени хигиенски производи. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на спектар хигиенски производи до одреден датум“,

додаде министерот за економија.
Датумот до кога ќе трае замрзнувањето на цените на хигиенските производи ќе биде објавен утре, зашто, како што рече Бектеши, некои компании може во текот на денешниот или утрешниот ден да ги сменат нивните цени.

Меѓу другото, министерот за економија најави и дека се прават анализи за од 1 јули да се воведе евтина тарифа за струјата, за како што рече, пензионерите или невработените кои поголемиот дел од денот се дома, да користат евтина тарифа и да ги намалат трошоците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.