На овој тим се потпира Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден за неговиот кабинет планира голема обнова. Мотото гласи: разноликост. Иако во него има многу добро познати лица, сепак, кабинетот на Бајден нуди и многу премиери.
Во својот инаугуративен говор, новиот американски претседател Џо Бајден ја повика земјата да се обедини. Тој, како што рече, сака да ја „обедини Америка со целата своја душа“. За да ја постигне оваа амбициозна цел и да допре до сите важни делови од населението, Бајден состави кабинет, кој ја зема предвид разноликоста на општеството.
Меѓутоа, неговиот тим мораше со задоцнување да се подготви за претстојниот законодавен период, бидејќи шефицата на надлежната американска федерална административна агенција, ГСА, Емили Марфи, по инструкција на доскорешниот претседател Доналд Трамп, неколку недели одбиваше на номинираните за администрацијата на Бајден да им дозволи пристап до владините згради, финансиските средства и соработници.
Дури на 7 јануари Трамп официјално најави „уредно примопредавање“ и со тоа индиректно го призна својот изборен пораз. Сега останува само потврдата од Сенатот. Веднаш штом сенаторите ќе дадат зелено светло, следниве досега номинирани министри ќе можат официјално да започнат со својата работа.
- КОИ СЕ ИЗБРАНИЦИТЕ ЗА НОВИОТ КАБИНЕТ НА ЏО БАЈДЕН?Ентони Блинкен, министер за надворешни работиБлинкен е долгогодишен близок соработник на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Тој работел во администрацијата на двајца демократски претседатели и бил истакнат советник во Комисијата за надворешни работи на Сенатот. Извршувал и функција заменик – национален советник за безбедност, како и заменик државен секретар во втората влада на Обама, кога Бајден беше вицепретседател.
Министерство за надворешни работи: Со поранешниот заменик министер за надворешни работи Антони Блинкен, Бајден назначува еден свој долгогодишен соработник на чело на „Стејт департментот“. 58-годишникот се смета за експерт за Европа и силен поддржувач на мултилатерализмот. Тој беше еден од архитектите на меѓународниот нуклеарен договор со Иран, кој доскорешниот американски претседател Доналд Трамп го раскина во мај 2018 година. Тој исто така сака да ги заживее алијанските со сојузниците кои беа запоставени во времето на Трамп.
Министерство за одбрана: На Бајден му требаше долго време да одлучи за кандидатот кој ќе раководи со моќниот Пентагон. Неговиот избор конечно падна на Лојд Остин. Поранешниот генерал со четири ѕвездички би бил првиот Афроамериканец што ќе ја извршува оваа функција доколку биде потврден од Сенатот. Остин беше командант на вооружените сили на САД стационирани на Блискиот исток се’ додека не се повлече во 2016 година и со тоа, меѓу другото, беше одговорен за мисиите во Ирак, Сирија и во Авганистан – конфликтни подрачја кои сè уште не се пацифизирани.
Генералот Лојд Остин
Министерство за финансии: Министерството за финансии на САД постои повеќе од 230 години и никогаш не било раководено од жена. Сега тоа треба да се промени со Џенет Јелен. Оваа 74-годишничка ќе има клучна улога во мандатот на Бајден, бидејќи американската економија сериозно страда од пандемијата на коронавирусот. Јелен беше претседателка на Федералните резерви на САД од 2014 до 2018 година. Веќе се изјасни за справување со сегашната криза не само преку поголеми државни трошоци, туку и преку мерки на фискалната политика.
Министерство за внатрешни работи: Деб Халанд е прва домородна личност, која влегува во американската влада. 60-годишата пратеничка во Конгресот потекнува од јужната држава Ново Мексико и припаѓа на племето Пуебло од Лагуна. Вашингтон пост ја опиша нејзината номинација како историска одлука на Бајден, што претставува пресвртница во односите на владата со домородните народи во земјата. Како министер за внатрешни работи, Халанд првенствено ќе биде одговорна за администрацијата со федералното земјиште. На пример, тоа одлучува дали тоа ќе бидат прогласено за природен резерват или ќе биде дозволено експлоатација на суровини, како фрекинг.
Деб Халанд
Министерство за домашна безбедност: Со Алехандро Мајоркас, роден во Куба, Латиноамериканец за првпат треба да раководи со Министерството за домашна безбедност, кое, меѓу другото, е одговорно и за имиграцијата. Мајоркас е многу добро запознаен со оваа област: Во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, 61-годишникот веќе беше заменик министер за домашна безбедност. Во тоа време, тој беше одговорен за спроведување на програмата „Сонувачи“, преку која илегалните имигранти кои родителите ги донеле во САД како деца, добиваа шанса за работна виза.
Министерство за здравство: И идниот министер за здравство Ксавиер Бекера е исто така Латино. На 62-годишникот му престојат големи предизвици во време на пандемијата на коронавирусот. За време на неговиот мандат како конгресмен, Бекера беше строг поборник за правата на Латиноамериканците и водеше кампања за здравствената програма на тогашниот претседател Обама. Во 2016 година, тој ја наследи потпретседателката на Бајден, Камала Харис, како генерален обвинител на Калифорнија. Бекера треба да биде поддржан од идната државна секретарка Рејчел Левин. Обучениот педијатар во моментов е министерка за здравство во сојузната држава Пенсилванија и, според тимот на Бајден, би била првата трансродова жена што ќе извршува толку висока функција во администрацијата.
Министерство за транспорт: Во предизборната кампања на Демократите, Пит Бутиџиџ, кој дотогаш беше во голема мерка непознат, сè уште му беше ривал на Бајден. Сега 39-годишникот треба да го предводи Министерството за транспорт. Младата надеж на Демократската партија ќе биде првиот отворено хомосексуален министер во историјата на САД. Бутиџиџ ја опиша својата номинација како „голема можност“ за создавање работни места, справување со климатскиот предизвик и воспоставување повеќе правда за сите. Неговата цел е да ги направи САД климатски неутрални до 2050 година. Неговото министерство ќе има клучна улога во придвижувањето кон економија која помалку ѝ штети на климата.
Пит Бутиџиџ
Министерство за правда: Додека некои од кандидатите беа познати уште од порано, долго време не се појавуваше име за ова министерство. Дури по упадот во Капитол, имаше првични извештаи за можна номинација на Мерик Гарланд. Овој 68-годишник претходно работел во федералниот апелационен суд во Вашингтон и не припаѓа на ниту една политичка партија. Обама го предложи за судија на Врховниот суд во 2016 година, но републиканците го блокираа неговото назначување во Сенатот. Гарланд најави дека ќе се придржува кон принципот на еднаквост пред законот. Тој исто така ја одреди како приоритет борбата против насилниот екстремизам.
Мерик Гарланд
Министерство за трговија: Џина Рајмондо се докажа како гувернер на сојузната држава Род Ајленд од 2015 година. Нејзиното ново поле на надлежност ќе ги вклучува трговскиот спор со Кина и регулирањето на големите интернет компании.
Министерство за труд: Градоначалникот на Бостон, Мартин Волш ќе го преземе Министерството за труд во идната влада на Џо Бајден. Во оваа улога тој би требало да го поддржува американскиот претседател во неговата цел да ги ослободи САД од „најлошата криза на работни места во речиси еден век“ и да ја зајакне средната класа. Според Бајден, треба да бидат поддржани и помалите компании и синдикатите.