ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

На Косово мирно по вчерашните инциденти, Меѓународната заедница реагира Косово да ги смири тензиите

Високо ниво на безбедност и многу припадници на специјалната косовска полиција на северот од Косово но ситуацијата утрово е стабилна по вчерашните инциденти во кои дојде до судири меѓу локалното население и косовската полиција, откако жителите на општините со мнозинско српско население се обидоа да ги спречат новоизбраните градоначалници етнички Албанци да влезат во своите канцеларии. Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска свика седница на Советот за безбедност на која беше одлучено српските сили за безбедност да останат во состојба на готовност. Српскиот министер за одбрана Милош Вичевиќ обвини за директно продолжување на теророт на институциите на Косово и Метохија врз српската заедница во земјата.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА СПОРЕД УСТАВОТ, ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ НА ВОЈСКАТА НА СРБИЈА ИЗДАДЕ НАРЕДБА ДА СЕ ПОДИГНЕ СТЕПЕНОТ НА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ НА СРПСКАТА ВОЈСКА НА НАЈВИСОКО НИВО, НАЧАЛНИКОТ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА СРПСКАТА АРМИЈА ИЗДАДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ НАРЕДБИ ЕДИНИЦИТЕ НА ВОЈСКАТА НА СРБИЈА ДА ЗАЗЕМАТ ОДРЕДЕНИ ПОЗИЦИИ КОИ СЕ ДЕФИНИРАНИ ВО СОГЛАСНОСТ СО НАШИТЕ ОДБРАНБЕНИ ПЛАНОВИ, СТРАТЕШКИ ПЛАНОВИ, СЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАШТИТИ СУВЕРЕНИТЕТОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ, ИЗЈАВИ МИЛОШ ВУЧЕВИЌ, СРПСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА.

Интервенцијата на Приштина на северот на Косово ја осудија мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен, амбасадорите на САД во Белград и Приштина, комесарот за проширување на Европската унија, ги повикаа косовските власти веднаш да ги прекинат овие акции.

КАКО ШТО ЕУ ПОСТОЈАНО НАВЕДУВА, НЕОДАМНЕШНИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО НЕ НУДАТ ДОЛГОРОЧНО ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ ЗА ВКЛУЧЕНИТЕ ОПШТИНИ. ТАКВОТО РЕШЕНИЕ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ САМО ПРЕКУ ВИСТИНСКИ ДИЈАЛОГ МЕЃУ СИТЕ КЛУЧНИ ЧИНИТЕЛИ, КОИ ГИ ВКЛУЧУВААТ КОСОВО, СРБИЈА И ЗАЕДНИЦАТА НА КОСОВСКИТЕ СРБИ, СО ПОСРЕДСТВО НА ЕУ, СЕ ВЕЛИ ВО НИВНОТО СООПШТЕНИЕ.

Полициски службеници утрово биле забележани како патролираат во Звечан и Митровица, а дел од српските медиуми велат дека утрово е мирно бидејќи граѓаните се во страв и седат во своите домови бидејќи секој кој е затекнат надвор е евидентиран од косовските безбедносни сили…

ВЧЕРАШНАТА СИТУАЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО ЕСКАЛИРА. КОСОВСКАТА ВЛАДА МОРА ДА БИДЕ СВЕСНА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ИЗГРАДИ ДОВЕРБА СО ГРАЃАНИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО СО ИСПРАЌАЊЕ СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ И ПРИТИСОК ВРЗ НИВ. МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА МОРА ДА БИДЕ СВЕСНА ДЕКА ТИЕ МОРА БРЗО ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАПРЕ СИТУАЦИЈАТА, ДА СЕ СМИРИ СИТУАЦИЈАТА И ДА СЕ ЗАПРЕ ЕВЕНТУАЛНАТА ЦЕЛОСНА ЕСКАЛАЦИЈА НА ТЕРЕН, ВЕЛИ НОВИНАРКАТА АНА МАРИЈА ИВКОВИЌ.

Во судирите со косовската полиција вчера беа повредени неколку десетици лица, а за да ја растераат толпата припадниците на косовската специјална полиција употребија солзавец и шок бомби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.