На земјава и е потребна дополнителна работна сила за да има економски раст и развој, вели Битиќи
Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека работната сила е потребна бидејќи на пазарот на труд има недостаток, па затоа мора да се одговори на овој предизвик доколку С Македонија сака да има забрзан економски раст
Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју на регионалната телевизија Блумберг Адрија порача дека во С Македонија е дојдено време да се отвори дискусија за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, бидејќи како што кажа увозот на работна сила е неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува С Македонија.
Тој воедно кажа дека додека се работи на доквалификација и реквалифијација на одредени групи невработени лица, со цел да се прилагодат на потребите на пазарот, ќе мора да се најде начин и за дополнување на одливот на работници.
“На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст,”вели Битиќи.
Прашан за тоа дали од 14 отсто невработени во земјава не може да се најдат квалификувани кадри за пазарот, кои би работеле во потребните сектори наместо да се увезуваат работници, Битиќи вели дека примарно работната сила ја бараат кај активните баратели на работа во земјава, но факт е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.
На тема недостиг на работна сила говореа и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата и Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратегиски истражувања на Стопанската комора.
“На пазарот има сериозен недостиг од работна сила, па затоа според стандардот на работниците и платите во регионот и пошироко, сметаме дека ќе мора да се потпираме на работна сила која ќе мора да ја донесеме од блискиот и далечниот исток, а можеби и од други континенти”,