ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НА БАЛКАНОТ НЕ СЕ ДИШЕ: Загаден воздухот и денес, еве каде е најлошо во регионот

Ако вчера беше поведро и почисто, утринава облачноста во земјава е проследена со позагаден воздух.

Во главниот град денеска се дише воздух загаден над дозволеното ниво.

Ректорат 127, Карпош 97, Центар 97, Тетово 115, Струмица 104 микрограми штетни честици по метар кубен воздух.

Во Лисиче и Велес мерните станици уште не работат.

Во поголемиот дел од Босна и Херцеговина е забележано изразено загадување на воздухот, укажуваат податоците од сајтот за мерење на квалитет на воздухот „Ер вижуел“.

Во регионот исто така е загадено.

На Балканот најзагаден воздух денес е забележан во Лукавац каде индексот на квалитет на воздух е 371, што укажува дека воздухот во тоа место во регионот во моментв е најзагаден и опасен за дишење.

Во подрачјето на Сараево кој во почетокот на декември беше меѓу најзагадените градови во светот е регистрирана концентрација од 199 микрограми штетни честици по метар кубен воздух.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.