Тој бил уапсен во бугарскиот град Варна, а со променетиот личен опис се подготвувал да одлета во Венецуела, пренесува „БТА“.

Како што се наведува, Ј.С.А., имал клучна улога во криминалната организација која Шпанија и остатокот на Европа ја снабдувала со кокаин од Јужна Америка и која била вмешана во перење на пари.

За него била распишана потерница уште во 2013 година, а откриен е откако специјалните агенти дознале дека се крие во Варна и оти го сменил личниот опис, здебелувајќи се повеќе од 50 килограми.

Во моментот на апсењето кај него биле пронајдени лажни документи.