ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Научното списание Lancet ги објави резултатите од испитувањата на руската вакцина против Covid-19

Авторитетното меѓународнот научно списание The Lancet ги објави резултатите од првите две фази на клиничките испитувања на двете различни форми на антикоронавирусната вакцина „Спутник V“, а во рецензираната студија на руските научници се наведува дека тестирањата извршени врз 76 волонтери потврделе дека и двете форми на препаратот се безбедни за здравјето на луѓето и поттикнуваат нивниот имунитет да развие антитела против новиот тип коронавирус.

Како што објави Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), кој учествуваше во развојот на вакцината „Спутник V“, оваа рецензирана научна статија е првата од серијата публикации посветени на препаратот.

„Во септември ќе биде објавена целосната студија за вакцината кај животните: кај примати, сириски хрчаци, трансгени глувци, кај коишто вакцината покажа 100-процентна заштитна ефикасност, при што резултатите кај приматите и сириските хрчаци беа добиени пред клиничките испитувања“, објави фондот.

Студијата објавена во The Lancet, пак, е првата за руската вакцина која минува рецензија, за чие изоставување досега забележуваа многу стручњаци.

„Податоците што ги собравме покажуваат дека хетерогените вакцини засновани на аденовирусите rAd26-S и rAd5-S се безбедни за пациентите и не предизвикуваат сериозни несакани ефекти. Вакцинирањата доведоа до формирање хуморален и клеточен имунолошки одговор кај 100 отсто од волонтерите, предизвикувајќи нивно производство на повеќе антитела отколку што имаше во крвната плазма на луѓето кои оздравеле од Covid-19“, пишуваат научниците.

На 11-ти август Русија прва во светот ја регистрираше вакцината против коронавирусот наречена „Спутник V“, што наиде на големи сомнежи и критики особено од научната јавност на Западот. Препаратот развиен од стручњаците на московскиот институт „Гамалеја“, врз основа на плаформа на којашто веќе се создадени низа вакцини, во јуни и јули ги мина првата и втората фаза од клиничките испитувања. На 15-ти август руското министерство за здравство соопшти дека вакцината веќе започнала да се произведува. Третата, ткн пострегистрциска фаза од клиничките испитувања на вакцината започна на 25-ти август.

Вакцината се состои од две компонентни кои се базираат на два различни соја на аденовирусите: rAd26-S и rAd5-S. Научниците ги ослабиле и модифицирале нивните геноми, така што тие испорачуваат фрагменти на РНК на коронавирусот. Благодарејќи на тоа, вторите произведуваат големо количество протенини од неговата обвивка. Тие молекули навлегуваат во имунити клетки, коишто поради тоа почнуваат да произведуваат антитела на SARS-Cov-2 вирусот, се наведува во студијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.