ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НАТО очекува официјален одговор од Путин

A woman walks across a carpet with the NATO logo ahead of the NATO (North Atlantic Treaty Organization) summit, at the NATO headquarters in Brussels, on July 11, 2018. (Photo by GEOFFROY VAN DER HASSELT / AFP) (Photo credit should read GEOFFROY VAN DER HASSELT/AFP/Getty Images)

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предложил одржување на состанок на Советот НАТО-Русија за 12-ти јануари, по зголемените тензии поради собирање на руските војници во близина на Украина.

Како што било соопштено од Кремљ, руските власти “го разгледуваат” овој предлог и се очекува одговор од претседателот Владимир Путин.

Столтенберг во текот на минатите месеци неколку пати предложил да се продолжи дијалогот со Москва преку Советот, кој е воспоставен во 2002-ра, но моментално е неактивен поради конфликтот во Украина.

Дводневниот состанок на воените шефови на 30 земји членки на НАТО исто така би требало да почне на 12-ти јануари во Брисел, пренесува агенцијата “AFP”. Јенс Плотнер, советник за надворешна политика на германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот преговарач за Украина, Дмитри Козак, исто така се согласиле наредниот месец да одржат состанок лице во лице, за да разговараат за тензиите во врска со Украина, потврдил еден извор на агенцијата “Reuters”.

На почетокот на овој месец, Москва до западот пратила низа безбедносни барања, во кои се бара од НАТО да не прима нова членови. Кремљ бара и САД да забрани да се воспоставуваат нови бази во поранешните советски републики, вклучувајќи ја и Украина, како и НАТО да го укине своето воено распоредување во централна и источна Европа.

Западните сојузници досега одбивале да и понудат на Русија гаранции за овие барања, но се согласиле за разговори. На неопходноста од дијалог со Русија укажал и новиот германски канцелар Шолц. Москва истовремено демантира дека планира инвазија на Украина.

Во саботата новинската агенција “Interfax” јавила дека повеќе од 10.000 руски војници се вратиле во своите постојани бази по едномесечните воени вежби во близина на Украина. Минатиот четврток, Столтенберг повторно ја потврдил својата поддршка за Украина против собирањето на војска кај границата со Русија. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков во текот на викендот предупредил дека украинска офанзива во Донбас ќе сериозни последици по Украина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.