Народната банка објави повик за пријавување трудови за 40. сесија на Клубот на истражувачите
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 40. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 16 септември 2021 година, со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска.
Истражувачите заинтересирани за презентирање труд на оваа сесија на Клубот на истражувачите, може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 6 септември 2021 година.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.