„Направете и селфи кога се потпишате“: Силјановска во кампања преку социјалните мрежи
Официјално изборната кампања не е почната, но на социјалните мрежи кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска и тоа како бара поддршка.
Професорката на Фејсбук постојано ги информира поддржувачите но и им се заблагодарува на сите за пораки и одзивот.
„Многу ми значи што довербата ја добивам од сите, без оглед на етничка, верска и политичка припадност. Тоа ме обврзува да дадам се’ од себе во иднина, да бидам ваш претседател, односно претседателка на сите граѓани“-пишува Силјановска на Фејсбук утринава.
Меѓудругото, таа објави дека бара поддршка и преку потписи.
„Најдобар начин да ги мотивираме другите и да испратиме порака дека од нас зависи, е да излеземе масовно до канцелариите на ДИК и да ставиме потпис. Доколку почувствувате потреба да ги охрабрите другите, би можеле да направите самослик (selfie) и да го постирате заедно со хаштагот #СеПотпишавЗаПравоиПравда. Или само хаштаг без селфи“ – додава професорката.