Напнатост во камповите со мигранти кои се во близина на Солун
Илјадници мигранти трет ден по ред се собрани кај привремениот камп „Диавата“ во близина на Солун и не се откажуваат од намерата повторно да тргнат кон грчко-македонската граница и да продолжат кон централна Европа. Ситуацијата е тензична, а грчката полиција интервенирала со солзавец откако дел од мигрантите кои повторна сакаа да го напуштат импровизираниот камп фрлаа со камења кон полицијата.
Неколку мигранти, меѓу кои и деца побарале помош. Според грчките медиуми, полицијата почнала постапка за нивно пренесување кон Јанина во Западниот дел на земјата. Грчките власти кои тврдат дека мигрантите се мобилизирале поради лажни вести објавени на социјалните мрежи, се децидни, нема да им биде дозволено да го напушат регионот и дека нема да бидат отворени границите кон други земји.
„Меѓу мигрантите има провокатори кои сакаат да создадат тензии“. – вели Никос Рајкос – министерство за миграција.
Грчките власти ги убедуваат мигрантите да се вратат во центрите и да не подлегнуваат на лажни ветувања.
„Тие не треба да ги ризикуваат привилегиите што ги имаат и не треба да ги користат децата како штитови бидејќи трговци со луѓе им даваат лажни надежи. Постепено ќе бидат убедени да се вратат во структурите каде што се згрижени. Нема да им биде дозволено да ја напуштат Диавата“. – вели Олга Геровасили – министер за граѓанска заштита.
Грчките власти велат дека мигрантите биле мобилизирани преку лажни извештаи дека патот кон централна Европа, кој е затворен неколку години, бил отворен и дека автобуси на невладини организации чекаат од другата страна од границата, во Северна Македонија, околу 60 километри северно од Солун. Дел пак од мигрантите кои од желазничка станица во Атина сакаат да тргнат на Север , ја напушатија станицата и се вратија во камповите, со што железничкиот сообраќај кој беше во прекин се нормализира.