ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Над 900 илјади Грци вакцинирани против ковид

Во Грција до денеска се вакцинирани против ковид-19 вкупно 915 илјади граѓани. Како што информира генералниот секретар на Министерството за здравство, Мариос Темистоклеус, во текот на денешниот ден се очекува и да го надминат дневниот рекорд со вакцинирање на 34 илјади граѓани.

Како што јави МИА од Атина, Темистоклеус на денешната прес-конференција информирал дека досега само шест случаи имале алергиски реакции.

Во однос на доставата на пратките со вакцини, тој вели дека во април очекуваат зголемен број на вакцини што ќе пристигнат во земјата.

Во Грција, и покрај карантинот и рестриктивните мерки, повторно има зголемен број нови случаи, вкупно 1 176 во изминатите 24 часа, а починаа 30 лица.

Драстично е зголемен и бројот на пациенти приклучени на апарати, 406, односно 15 повеќе од вчера и 27 повеќе од завчера.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.