ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Над 20.000 приговори за домашната платежна картичка – од денеска проверка и за www.samodomasiedoma.gov.mk

За 2 дена пристигнати над 20.000 пораки  до Владата со приговори  од граѓаните кои ги нема на листата за домашни платежни картички, или пак со прашања како  и каде може истата да се користи. Генералниот секратаријатат дополнително ќе ги проверува сите бази од каде што се добиени податоците – средношколците или  студентите  кои  ги нема  на листата – ќе ги добијат државните пари по  направената  корекција. Но, на пензионерите кои не се опфатени со мерката – а,по грешка се нашле на списокот, нема да им бидат доставени картичките.

Сите недостатоци ќе бидат поправени. Во овој процес беа вклучени повеќе институции, кои требаше да достават податоци за лицата кои треба да добијат ваква платежна картичка, односно Министерствата за образование и труд и социјална политика, како и Управата за јавни приходи“, рече министерката Ангеловска.

Од денеска граѓаните можат да проверат и дали ќе летуваат на државен трошок. на официјалната страна www.domasiedoma.gov.mk. Опфатени се 117 илјади лица со нозок доход, кои за 6,000 денари ќе треба да изберат каде да летуваат. Ваучерот ќе треба да го искористат до крајот на годината,  а ќе го добијат по мејл. Оние кои немаат електропнска пошта, може да испратат адреса каде сакаат да го добијат кодот. Истите граѓани, покрај ваучерот ќе добијат и платежна картичка со по  3,000 денари. За да се поддржи домашната економија ,  се зголемува и повратот на ДДВ кога се купуваат домашни производи од 15 на 20 отсто, а кај странските се намалува на 10. Според Ангеловска максималната сума за сите кои сненираат сметки останува иста – 1,8000денари за 3 месеци. Со најавените две мерки од третиот пакет во стопанствиото ќе се влеат речиси 40 милиони евра, пари кои треба да подобрат нерушената ликвидност во време на корона кризата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.