НАГОРНО – КАРАБАХ: Tурција сака да испрати воени трупи, а Путин бара преговори

Размислуваме за испраќање на воени трупи во Нагорно Карабах, соопштија турските власти.
Првиот човек на турскиот парламент, Мустафа Сентоп, вели дека сè уште нема потреба од тоа. Но, тие стојат на располагање на Азербејџан.
„Во текот на последните неколку дена, азербејџанските вооружени сили покажаа дека се способни сами да победат, покажувајќи решителност и истрајност во ослободувањето на окупираните територии. Верувам дека предлогот за употреба на турската армија во зоната на конфликтот нема да биде потребен се додека не се вклучи трета страна во овој конфликт, игнорирајќи ги резолуциите на Обединетите нации“, рекол Сентоп.Вели дека неопходно е да се почитуваат меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации, кои бараат „итно, целосно и безусловно повлекување на ерменските вооружени сили од сите окупирани територии на Азербејџан“.
Претходно, ерменскиот премиер Никола Пашинјан изјави дека проблемот Нагорно Карабах не може да се реши со насилство.
Вели дека Ерменија е подготвена да направи отстапки во конфликтот во Нагорно Карабах во случај и Азербејџан да биде подготвен.
Ерменскиот претседател Армен Саркисјан изјави дека конфликтот во Карабах може да се запре само откако Турција ќе се „повлече“ од играта.
По десетдневните судири, Ерменија и Азербејџан ќе седнат на иста маса.
Како што соопшти официјален Кремљ, двете земји ја прифатиле поканата на рускиот претседател Путин да испратат свои претставници да разговараат за прекин на огнот во регионот на Нагорно – Карабах.