ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

МУЦУНСКИ: НАЈДОЦНА ДО ПЕТОК РЕЗОЛУЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНА ДО СОБРАНИЕТО

Најдоцна до петок ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на земјата и одредување на црвените линии, најави денеска пратеникот Тимчо Муцунски на прес-конференција.

-Укажуваме на недозволивоста и неприфатливоста за екслузивно присвојување на историјата идентитетот, традициите и каков било облик на хегенозима, без оглед на тоа од каде доаѓа, изјави Муцунски.

Цениме, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, дека оваа резолуција треба да биде прифатена со консензус на сите пратеници затоа што тоа е еден долг кон граѓаните.

-Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи на рамноправен и принципилена основа и во прилог на забрзување на нашите евроинтеграциски процеси, смета Муцунски.

Муцунски, коментирајќи ја денешната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи, дека тоа што тие со добра намера го нудат, некој го одбива заради своја лична политичка опортуност и заради тоа што се уште ДУИ е политичка партија којашто е многу длабоко заглавена во етнополитиката и тешко ќе излезе од таму.

– Изненаден сум со леснотијата со која поединци си дозволуваат да навредуваат став којшто треба да биде национален, кој што нема ништо спорно во неговата содржина и којшто треба да помогне во воспоставување на национални црвени линии и национална позиција. Национална позиција не може да имате без инклузивност на опозициски субјект, вели Муцунски.

Смета дека изјавата на Османи е параван на теснопартиските изјави на ДУИ. Во однос на тоа дека процесот за подготовка на ваков документ да почне од нула, Муцунски вели дека содржината на оваа резолуцијата произлегува од ставови дадена од врвни научни иституции во нашата држава, од луѓе со различен етничка позадина.

-Нема што да се преговара. Може да се разговара за некои детали, но дали тука во Собранието може да подготвиме нешто што е подготвено во МАНУ, од УКИМ, јас не гледам. Ова е содржината за која што треба да разговараме и во Собранието да дебатираме, па да видиме дали има можност за консензус, изјави Муцунски.

Засега, како што кажа Муцунски, состанок со СДСМ не е договорен. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање за договор помеѓу владејачките ДУИ и СДСМ, рече дека од оваа коалиција ништо не би го изненадило.

-Ние оваа резолуција ќе ја понудиме пред Собранието. Претседателот на Собранието ќе има деловничко обврска да ја стави истата на дневен ред на гласање, рече Муцунски, додвајќи дека на пленарната седница ќе се види дали прифаќањето на СДСМ на резолуцијата било параван.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.