ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Молк за тоа како се случи сообраќајката во која загина еден човек а меѓу учесниците беше и Зоран Милески-Кичеец

Никој не кажува како се случила сообраќајката во која загина еден човек а еден од возачите учесници беше осудениот во Рекет – Зоран Милевски Кичеец. Министерот Оливер Спасовски убедува дека точно ќе се утврди кој е виновен и кој ќе понесе одговорност.

Од обвинителство не откриваат ни кое возило во кој правец се движело, и дали се точни тврдењата дека едно од трите возила претекнувало на полна лента. За несреќата детал откри само премиерот Зоран Заев дека всушност Кичеец одел кон Скопје.

Со додатно соопштение веднаш по тоа излезе управата за извршување санкции.

Повтори дека Зоран Милевски има прекин на казна на 30 дена што му следува по закон за санкции бидејќи е во отворено одделение во затворот во Струга. Претходно  бил на преглед во завод за лекување на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан” во Охрид.

“Прекинот му беше одобрен од причина што осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено – соопштија од управата за извршување санкции.

Зоран Милевски Кичеец исчезна за медиумите, но во затвор треба да се врати ден после празникот. Во меѓувреме неговите двајца сопатници од Србија заминаа и не сакаа лекарски услуги од клинички во скопје и покрај тоа што имале скршеници.

Загина 34 годишно момче од Гостивар кој се возел во друг автомобил, а Кичеец управувал со мерцедесот кој беше едно од трите возила учесници во сообракајката.

Тој има уште речиси една година од три годишната затворска казна во рекет, каде осудени се и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, за рекетирање на бизнисменот Јордан Камчев.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.