ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Можна е тужба против МОН поради недостигот на учебници

На Министерството за образование и наука му се заканува тужба затоа што не се обезбедени сите учебници за сите одделенија пред стартот на учебната година. Од можни 126 има само 46 учебници, недостасуваат дури 34 отсто. Воопшто нема учебници за трето и шесто одделение, а за сите останати одделенија недостига по некој учебник. Исклучок се учебниците за прво и второ одделение.Конечната одлука за тоа дали ќе има тужба ќе биде соопштена деновиве, а доколку има тоа ќе биде прв таков случај во Македонија.

-Комисијата согласно закон има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата, вели Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Освен КСЗД право на тужба по различна основа имаат и родителите на учениците.

-Секој има право да побара заштита доколку се чуствува повреден во неговото уставно згарантирано право на еднаквост. Таква претставка може да поднесат до нашата Комисија и до Народниот правобранител и се разбира на највисоката судска инстанца, додаде Бендевска.

Оправдувањата од МОН беа дека некои учебници се во фаза на печатење, а некои во фаза на одобрување, но со ветување дека сите тие ќе бидат дистрибуирани во училиштата до крајот на месецот.

Промената на учебниците е според новата концепција за основно образование во 2021 година. И изминатата учебна година имаше доцнење со учебници и КСЗД констатираше дека има продолжена дискриминација врз учениците, со препорака да обезбеди учебници најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај. Но сепак една третина од учебниците и денеска не се обезбедени и учениците користат привремени материјали изработени од Бирото за развој на образование.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.