ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Може ли посетата на Блинкен на Кина да смени нешто во односите меѓу двете суперсили

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги започна дводневните дипломатски разговори со високи влогови во Пекинг. Целта на посетата е да се „заладат експлозивните тензични“ односи меѓу САД и Кина, јавува новинаската агенција Асошиетет прес . Според најавите Блинкен треба да се сретне со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на проширена дискусија, по што ќе следи работна вечера. Тој ќе има дополнителни разговори со Чин, како и со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, а можеби и со претседателот Кси Џинпинг, во понеделник.Ниту Блинкен ниту Чин не дадоа никакви суштински коментари за новинарите пред почетокот на состанокот . И покрај присуството на Блинкен во кинеската престолнина, изгледите за какви било значајни промени се мали, бидејќи веќе затегнатите врски станаа сè понапорни во последниве години. Несогласувањата и обвинувањата постојано ескалираа поради неколку инциденти кои оставија последици врз глобалната безбедност и стабилност, пишува РСЕ.

Поправка на односите
Прво и основно, посетата на Блинкен е за повторно воспоставување дипломатски интеракции од секаков вид, анализираат медиумите. Минатиот месец, првиот мраз беше скршен кога високи американски претставници се сретнаа во Виена.

Сепак, Блинкен е највисокиот функционер од администрацијата на Бајден кој отпатува во Кина, а ова е прва посета на американски државен секретар на Пекинг од октомври 2018 година.

„Сега е добро време повторно да разговараме бидејќи тоа само по себе го намалува ризикот од конфликт. Не можеме да дозволиме несогласувањата да застанат на патот кон напредокот на глобалните приоритети кои бараат од сите нас да работиме заедно“, рече заменик-помошникот на претседателот и координатор за индо-пацифички прашања Курт Кембел на брифингот пред патувањето.

Сепак, кинескиот одговор на посетата на Блинкен беше малку студен. Во официјалната комуникација на телефонскиот разговор со Блинкен, кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг му рекол дека е „многу јасно кој е виновен“ за неодамнешното влошување на односите.

„САД треба да ги почитуваат грижите на Кина, да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Кина и да престанат да го поткопуваат суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на Кина во име на конкуренцијата“, рече тој.

Доколку состанокот навистина доведе до понатамошна интеракција меѓу американските и кинеските официјални лица, тоа би било нешто кон што би можеле да работат и двете страни

Ублажување на трговските конфликти
Односите на американскиот претседател Џозеф Бајден со Кина започнаа со тежок почеток, делумно поради тоа што тој не сакаше да ги повлече трговските мерки што ги воведе неговиот претходник, Доналд Трамп. Во некои области, Бајден притиска уште посилно, со ограничувања на американскиот извоз на компјутерски чипови во Кина, во обид да ја задржи супериорноста на САД во најсовремените електронски технологии. Кина одговори со донесување сопствена забрана за компјутерски мемориски чипови што ги продава Микрон, најголемиот американски производител.

Одалечување на Пекинг од Москва?
По инцидентот со балонот, имаше информации дека Кина размислува да испрати оружје во Русија, каде што веднаш ќе биде употребено во војната против Украина. Сега се очекува Блинкен да ги повтори предупредувањата до Пекинг дека ќе има сериозни последици доколку Кина и обезбеди воена и финансиска помош на Русија.

Во исто време, американските и кинеските воени бродови често се судираат во Тајванскиот теснец и Јужното Кинеско Море. Кина тврди дека областа е нејзина, додека САД инсистираат дека тоа се меѓународни води.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.