„Модерна“ порача: Нашите вакцини штитат од ковид две години
Вакцината која ја разви фармацевтската компанија Модерна најверојатно ќе прижи заштита од ковид до 2 години, соопшти денеска Стефан Бенсел, извршниот директор на оваа компанија од Кембриџ, во амаериканската сојузна држава Масачусетс.
Американската компанија минатата година го шокираше светот кога направи вакцина за само неколку недели, а вчера доби дозвола за користење во Европската унија од европското регулаторно тело, јави Ројтерс.
Со оглед на тоа што за правење на вакцина потребни се неколку години, должината на заштитата од ковид -19 предизвикува бројни прашања кај научниците.
– Кошмарното кое се провлекуваше низ медиумите во пролетта гласеше дека вакцината ќе трае само месец или два. Мислам дека тоа сега не се доведува во прашање. Опаѓањето на антитела оди многу бавно после земањето на вакцината. Веруваме дека заштитата ќе трае најмалку две години, рече Бансел.Тој додаде дека неговата компанија ќе докаже дека вакцината ќе биде поеднакво ефикасна против јужноафриканскиот и англискиот сој, со што се сложуваат и независни научници.