Могерини: Одлуката за Скопје и Тирана е клучна за целиот регион и за ЕУ
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, по заедничката вечера со премиерите и министрите за надворешни работи на шесте земји од Западниот Балкан која се одржа во Њујорк изјави дека отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија, не е важно само за двете засегнати земји, туку и за целиот регион и за ЕУ, стои во соопштението на кабинетот на Могерини.
Премиерот Заев на вечерата и пренесол на Могерини дека добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање.