ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мијалков на 60-дневен притвор во Шутка, обвинителите задовлни, одбраната ќе се жали

Со полициска придружба од домот на Водно, обвинетиот екс начлник на УБК Сашо Мијалков пристигна точно во 10 часот во кривичниот суд да ја слушне пресудата за Таргет Тврдина. За тоа дали бегаше или имаше ковид симптоми претходниве денови не кажа, а не рече ниту еден збор кога беше повторно побаран притвор за него. Овој пат затворски поради тоа што во домашниот притвор не може да се реализира делот за 24 часовен видео и електронски надзор, бидејки иако постои во законот нема опрема за реализација. Мијалков можело и да бега оти имал тешки банкарски сметки, имот во чешка и две возила. Одбраната и одговори дека Мијалков не е крив што државата нема опрема.

Судечкиот совет сепак одлучи дека Мијалков ќе оди во затворски притвор ама само 60 денови оти толку дозволувал законот за дела кои биле гонети со обвинителен предлог и скратена постапка.

Никој од адвокатите и денеска не знаеше да одговори каде бил Мијалков од неделата до вторникот, имал температура или бегал и дали се пазарел.

Обвинителката Ленче Ристовска која сега ја води и истрагата за исчезнувањето на мИјлаков ги демантираше наводите на министерот за внатрешни Оливер Спасовски дека обвинителите имале информации за бегањето уште во петокот. Вели дознале во саботата и веднаш барале притвор.

Решението на судиите денеска беше сепак Мијалков не од судската зграда туку од дома да биде спроведен во Шутка. Избегнувајки ги камерите со него во судот денеска беше и синот Јоран Мијалков. Сепак зад притворски решетки максимално што може да помине Мијалков е два месеци за што обвинителите побараа во иднина да се отвори стручна дебата за да се промени ваквото законско решение.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.