ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мијалков без слобода, но и без имот – Давидовиќ: Министерот за правда извршил невиден притисок

Екс шефот на тајните служби  Сашо Мијалков сепак ќе остане во притвор уште 30 дена, откако Кривичниот суд по итна постапка го прифати предлогот на обвинителството. Апелација претходно  дозволи ослободување на Мијалков со гаранција од 11 милиони евра, но Обвинителството достави барање за мерка притвор од 30 дена за случајот Плацеви на Водно. Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Звонко Давидовиќ вели дека министерот за правда извршил невиден притисок  и со тоа се покажало дека уште еднаш дека Владата се меша во работата на  судството.

Адвокатот исто така се пожали дека  Мијалков останал и без парите за гаранција и без  слобода.Адвокатот рече дека случајот ќе го испратат до меѓународните судови. Вчера следеа  бројни реакции за обидот да се ослободи Мијалков. Одлуката на Апелација ја нарече скандалозна вицепремиерот Љупчо Николовски кој рече дека со ова се погребува довербата со судството. За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  одлуката на Апелација е театар, а АА ја обвини власта.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.