ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски отфрла секаква можност за договор

Со Заев има шанса само да констатираме дека Договорот е мртов – вака одговара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски околу можноста за постигнување консензус со власта.

Неполни 24 часа по добивањето на писмото на писмото од Вес Мичел, во кое тој искажа разочарување од раководството на ВМРО ДПМНЕ, лидерот на партијата Мицкоски исто со писмо му одговори на заменик државниот секретар на САД. Во него уште еднаш се повторува ставот на најголемата опозициска партија дека тие не го прифаќаат преспанскиот договор и дека тој за нив и мртов

„Што се однесува до делувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени кои во моментот се во Собраниска процедура истото е плод на нашиот претходен став дека договорот не можеме да го прифатиме, кој беше едногласно прифатен вклучително и од пратеничката група, а притоа црпејќи го легитимитетот од референдумот кој се случи. И можам да ве уверам дека доколку има некакви информации за закани, уцени или било какви обиди за влијание врз нивното одлучување и одлучувањето на било кој пратеник тогаш тоа е од кругови или поединци кои не се дел од структурите на мојата партија. Јас не прифаќам таков начин на делување и истиот го осудувам“

Мицкоски и во интервју за Дојче Веле кажа дека со премиерот Заев единствено што можат е да констатираат дека македонско-грчкиот договор и мртов.

,,Секое натамошно силување на овој процес само ќе произведе дополнителни тензии и поларизации во општеството, а единствен виновник за тоа е Зоран Заев кој ветуваше нешто што не може да го исполни. Одговорноста е кај тие што го доведоа Договорот до неуспех.”

Во меѓувреме неофицијално се најавува дека веќе викендов во убедувачки мисија ќе дојдат повеќе политичари од САД. Целта е јасна, уште еднаш да се објасни дека не е можен нов договор со Грција и дека без имплементацијата на компромисот, Македонија ќе остане со години и децении изолирана, надвор од НАТО и европското семејство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.