ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Од власта знаат дека им доаѓа денот на заминување и мислат дека ќе испокрадат и ќе избегаат, но ви гарантирам ќе ги најдеме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека инфлацијата се случува поради лошото владеење, а не како што вели власта, поради состојбите во еврозоната.

– Ако е увезена инфлацијата, тогаш се поставува прашањето зошто еврозоната има двапати помала инфлација од Македонија во март. Во март е повеќе од 14 проценти, инфлацијата во Македонија, а пак во еврозоната е повеќе од два пати помала. Не е тоа, луѓе. Проблемот е затоа што ем не ги бива ем не знаат, многу крадат. Знаат дека доаѓа денот за неколку месеци од денес заминуваат и мислат дека сега ќе испокрадат и ќе избегаат од државата и правдата нема да ги стигнам. Јас ве уверувам дека нема каде да се скријат на крај на свет, ќе ги најдеме и ќе ги донесеме овде, но и со куферите да ги вратат парите на народот што ги украле, јас ви го гарантирам, рече Мицкоски на новинарско прашање за коментар на власта дека инфлацијата е поради состојбите во еврозоната.Поради севкупните состојби Мицкоски, рече дека СДСМ ќе имаат многу малку пратеници на следните избори дури и помалку од ДУИ.

На новинарско прашање дали ќе коалицираат со ДУИ, Мицкоски изрази надеж дека соработка ќе има со опозицијата кај Албанците.– Јас не очекувам дека таа бројка ќе биде значително поголема од бројката што ќе ја има, се надевам некоја консолидирана опозиција кај Албанците во Македонија. Бројката на пратеници на СДСМ очекувам дека ќе биде или едноцифрен број или близу до двоцифрен број пратеници, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ беше во посета на Жилче, Општина Јегуновце.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.