ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Нема одговорност за бегството на Мијалков бидејќи има договор

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, праша: „Ако некој со некого се договарал, за што се договарал – да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата?“

Ако институциите затаиле, требаше да има одговорност, почнувајќи од Заев, па до тие што стоеја до него. Ниту видовме ниту ќе видиме одговорност, зошто? Затоа што криминална мафија е заортачена, владее со Македонија.

Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го коментираше случајот со исчезнувањето на Сашо Мијалков, кој по два дена сам се пријави.  

„Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже и продолжува да ги понижува и омаловажува граѓаните. Можев да го забележам неговиот израз на лицето и можам да заклучам дека не само што е нервозен, туку и не знае каде тера“,   

рече Мицкоски, кој денеска се сретна со дел од здравствените работници.

На оваа тема денеска од собраниската говорница се осврна и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој одговараше на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

„Апсолутно, тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со кого било, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност“,

рече Спасовски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.