ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе му испорача историски најголем пораз на Заев

Благодарам што дојдовте, сепак е сабота. Благодарам што одвоивте дел од вашето драгоцено време, викенд е. Јас навистина немам зборови со кои што можам да го изразам моето задоволство, изминативе денови поминав илјадници километри, поминавме многу градови, поминавме многу села, разговаравме со илјадници наши сограѓани. Разговаравме за реалната ситуација во Македонија, не онаа „блескаме“ на Заев, туку онаа вистинската, мачната, тешката, сета онаа беспарица, понижување, омаловажување кое што денеска е секојдневие секаде во Македонија.

Дали сте во Битола, дали сте во Струмица, Радовиш, дали сте во Кочани, дали сте во Ресен, дали сте во Крушево, потоа во Охрид , дали сте во Прилеп, Битола, Скопје, Куманово, секаде буквално истото го слушам. Траорен амбиент, секаде ги слушам оние сведочења од нашите сограѓани кои што ми велат дека некој нивен близок ја напуштил Македонија , некој нивен сосед се отселил заедно со семејството, некој нивен син, ќерка ја напуштиле Македонија.

Тешко се живее затоа што цените одат нагоре, а платата останува иста, беспарица. Луѓето практично се чувствуваат беспомошни поради целиот овој примитивизам, сета она декаденција која што денеска политичарите им ја сервираат, овие од врхушката, од власта, тие кои што треба да бидат пример како треба еден политичар да се однесува, тие кои што треба да даваат насока, стратегија за развој на државата, ние денеска ги гледаме како единственото нешто што им преостанува е она „мало сутра“. Или пак за тепсијата и баклавата. Тоа е политиката кради и бегај.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.