ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите на „За заедничка Македонија”

Народот тој ден, но и недели и месеци претходно, се самоорганизираше.

ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите на “За заедничка Македонија”, народот се самооганизраше поради незадоволството од тогашната политичка ситуација, сведочеше лидерот на партијата Христијан Мицкоски на рочиштето за организацијата на настаните од 27 април 2017.

Во тој период лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му беше советник на тогашниот премиер Никола Груевски, член на Извршниот комитет на партијата и генерален директор на ЕЛЕМ. Тој пред судот раскажа дека често ги посетувал протестите, а конкретниот ден имал состанок надвор од компанијата. На враќање кон работното место забележал дека нешто се случувало пред Собранието и се упатил натаму. Стигнал до влезната врата, но не влегол внатре, тука отприлика завршил со активноста на протестите, рече Мицкоски.

„Народот тој ден, но и недели и месеци претходно, се самоорганизираше. Во дел од протестите учествував и јас зашто не се согласував со дел од погрешните политики во најава кои беа актуелни. Сметав дека е демократски да се изрази револт во случајот против СДСМ и нивните најави за промени во државата кога ќе дојдат на власт”, истакна Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски кажа дека немал контакт со Никола Груевски во времето се одвиваа настаните во Собранието на 27ми апирл. Рече дека вечерта заседавал изршниот комитет на партијата, а Груевски се вратил од пат и тоа бил единствениот контакт со него. Овој судски процес го нарече монтиран со цел да и се наштети на ВМРО ДПМНЕ.

„Јас ценам дека после 27 април сериозно загуби ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш после тие настани влада направи СДСМ и Зоран Заев. Можеби тој одговор на ова прашање ќе ви послужи да истражите кој го осмисли сето тоа, кој го спроведе и зошто се случи. Никако тој што загуби од тој процес не може да биде ниту инспиратор, ниту сценарист, ниту оперативно да го спроведе. Јас би се задржал кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа“,вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На предлог на одбраната се сослушаа десетина сведоци меѓу кои поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, а повикана е и ексминисерката Гордана Јанкулоска. На поканата на судот да сведочат поради приватни обврски не се одзваа Даниела Рангелова, Никола Тодоров и Диме Спасов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.