Милошоски го пријавил Азири во полиција – тој се правда дека е недоразбирање
Пратеникот Антонио Миошоски во полиција го пријавил државниот секретар во Министерството за култура, кој преку социјалните мрежи му порача дека е антиалбанец и дека заслужува повеќе.
“МИНА ВРЕМЕТО НА ПРОДАВАЧИТЕ НА МАГЛА. НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ АЛБАНЦИ ЌЕ ИМ ГИ СКРШАТ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ НА СИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА ГИ ОМАЛОВАЖАТ АЛБАНЦИТЕ“ ДОДАВА АЗИРИ ВО ВЧЕРАШНИОТ ФЕЈСБУК СТАТУС.
Телма успеа да стапи во контакт со него. Рече дека е во Истанбул поради здравствени и семејни причини.
Во телефонскиот разговор тврдеше дека е недоразбирање. Дека не повикувал да се кршат раце и нозе ниту на Милошоски ниту на други Mакедoнци.
„ТОА Е ЦЕЛОСНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ, СТАТУСОТ Е ИЗВАДЕН ОД КОНТЕКСТ. КРШЕЊЕТО НА РАЦЕ И НОЗЕ НЕМА ВРСКА СО АНТОНИО МИЛОШОСКИ . ИМА ЗАПИРКА МЕЃУ ДВЕТЕ РЕЧЕНИЦИ. ТОА Е ВСУШНОСТ ПОЛИТИЧКА ИЗЈАВА. КАДЕ ГЛЕДАТЕ КСЕНОФОБИЧНИ И РАСИСТИЧКИ РАБОТИ? НИТУ НАПОМЕНУВАМ ЛУЃЕ, НИТУ НАЦИЈА НИТУ ЕТНИКУМ. НИШТО. ДЕКА Е АНТОНИО МИЛОШОСКИ АНТИАЛБАНЕЦ НЕ СУМ КАЖАЛ САМО ЈАС. СО ТОА “ЗАСЛУЖУВА ПОВЕЌЕ” МИСЛЕВ ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА ТОЈ Е ВИСТИНСКИ АНТИАЛБАНЕЦ . АРБЕР ТРEБАШЕ ВЕРБАЛНO ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА Е АНТИАЛБАНЕЦ„ –ВЕЛИ АЗИРИ.
Спорниот фејсбук статус денеска го нема веќе на неговиот профил а Азири тврди дека некој го пријавил и од фејсбук го избришале.