Меџити: Не важи правилото „победник со победник“, но ДУИ и не е чисто албанска опција
Али Ахмети го прекрши правилото „победник со победник“ и сега нема право од другите да бара да го почитуваат тоа правило, освен тоа сега Вреди е пратставникот на Албанците, а не ДУИ која повеќе не е чисто албанска опција, изјави Изет Меити, лидер на Демократско движење, партија од опозициската коалиција Вреди. Тој одржа прес-конференција пред „кладилница на Артан Груби“ во Чаир, во која зграда, како што рече, е испразнет студентскиот дом.„Фокусирани сме на програмата и победата и убедени сме дека го имаме легитимитетот на Албанците и дека ќе имаме повеќе пратеници Албанци во Собранието, со што и клучот на бадентеровиот принцип на гласање ќе биде кај нас. По 8 мај ќе седнеме да преговараме за програмските точки на Владата и усогласувања околу тоа“, рече Меџити.На прашањето кој е главниот услов на Вреди за коалицирање во идната влада, Меџити рече дека Вреди по секоја цена нема да влезе во новата влада.
„Нема да бидеме дел од влада која нема да биде европски настроена. Гледаме дека само Левица не е европски настроена, а другите партии повеќе или помалку се за европска интеграција. Ние сме стожер и партнер и на граѓаните и на ЕУ дека Македонија ќе се движи по евроатланскиот пат“.
На новинарско прашање како ја коментира интенцијата на ДУИ да се врати принципот „победник со победник“, Меџити рече:
„Се сеќавате, во 2006 година ДПА иако не беше победник кај албанскиот политички блок, стана дел од Владата. Во 2008 година со мајскиот договор беше утврдено правилото влада да се состави од ‘победник со победник’, односно победникот кај македонскиот политички блок да состави влада со победникот кај албанскиот политички блок. Но, во 2016 година токму ДУИ го прекрши тој договор. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ на тие избори имаше добиено 51 пратеник, а СДСМ 49. И, тогаш токму ДУИ го прекрши договорот и со СДСМ направи Влада. Од денешна призма на гледање, добро е што така се направи заради стратешките интереси на државата. Но кога едно правило ќе го прекршиш тогаш