ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мета побара пребројување на сите над 83 илјади неважечки гласачки ливчиња

Албанскиот претседател Илир Мета денеска побара пребројување на сите неважечки ливчиња, од парламентарните избори одржани на 25 април, кои се со висок процент.

Во објава на Фејсбук тој прави споредба со бројот на неважечки ливчиња на изборите во 2013 и 2017 година, наведувајќи дека на изборите во 2013 година само 1,39 проценти од гласовите беа неважечки, додека во 2017 година само 1,98 проценти.

-Во моментов, според прелиминарните резултати на ЦИК, имаме 5 проценти неважечки ливчиња. Затоа, броењето и пребројувањето на сите неважечки гласачки ливчиња е клучно за да се зголеми довербата на граѓаните, кои во долги редици чекаа за да ја изразат својата волја на 25 април. Со смиреност и транспарентност, многу е важно овој процес да продолжи до крај, наведува Мета.

Додава дека се друго што е надвор од ова големо прашање на доверба во изборите и демократијата, е само продолжување на следниот театар против народот и неговата волја.

-Досега има околу 50 илјади неважечки гласови повеќе отколку во 2017 година и околу 60 илјади неважечки гласови повеќе отколку во 2013 година, додека пред 8 години гласаа за околу 80 илјади повеќе граѓани отколку на изборите на 25 април. Во демократија, граѓаните учествуваат на избори за да ја го покажат знаењето на својата волја а не да ја направат безвредна, оценува тој.

Шефот на државата бара да се врати довербата во вредноста и еднаквоста на гласовите што е можно поскоро, со максимална транспарентност според Изборниот законик.

Во единствениот избирачки список беа запишани 3.588.869 гласачи, правото на глас го оствариле 1.662.386, при што неважечки биле 83.024 гласачки ливчиња.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.