ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мета: Албанската опозиција да го примени сценариото на српската опозиција

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека длабоката криза во Албанија може да се надмине само со нови избори. Тој побара од лидерот на опозицијата да направи се да дојде до здружување на опозицијата и на избори да победи.

Шефот на албанската држава Илир Мета , според Тиранскиот весник ,,Тема,, на својата официјална ФБ страница нагласува дека ,,Опозицијата во земјата треба да оди по патот на српската опозиција која го собори Слободан Милошевиќ,,. Мета притоа укажува дека во земјата е во голема политичка криза која носи огромни штети . Без нови избори нема ниту демократија ниту пак правда додава Мета .

Албанскиот претседател понуди парламантарни , претседателски и локални избори да се одржат на 18 октовмри годинава со цел како што осенува да се воспостави функционирање на правната држава.

Албанските провладини медиуми оценуваат дека шефот на државата , со оваа своја изјава продолжува отворено да ја подржува опозицијата и покрај тоа што тој е претседател на сите граѓани на Албанија . Мета кој инаку стана шеф на државата кога беше лидер на Партијата Движење за Социјалистичка интеграција , партија која сега е во опозиција и ја води неговата сопруга Моника Криемади , отворено е против левицата во земјата која е на власт. Премиерот Еди Рама ја одби понудата на Мета за тројни избори во земјата бидејки рече дека локалните избори одржани на 3о јуни биле законски . партиите кои се на власт веке покренаа иницијатива за соборување на шефот на државата ,кој е обвинет за против уставно работење како претседател на Албанија .

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.