ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меркел: ЕУ е за разговор со НАТО и Вашингтон за извозот на оружје во Турција

Лидерите на ЕУ имаат намера да разговараат со сојузниците на НАТО и Вашингтон за извоз на оружје во Турција, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, откако Грција повика на воведување ембарго за вооружување на Анкара.

Меркел се огласи по самитот на 27-те лидери на ЕУ на кој тие го поддржаа проширувањето на списокот на поединци и компании во Турција кои ќе бидат санкционирани за истражување гас на истокот на Средоземното море, во водите на кои имаат право Грција и Кипар.

– Разговаравме и за тоа дека за прашањето за извоз на оружје треба да се расправа во рамките на НАТО. Рековме дека сакаме да ја координираме нашата позиција во однос на Турција со новата администрација на САД – рече Меркел.

ЕУ и НАТО најавуваат самит со новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден по стапувањето на должноста во јануари.

Според Еуростат, ЕУ во Турција во 2018 година извезла оружје и муниција во вредност од 54,53 милиони американски долари, вклучувајќи и ракети, но продажбата на авиони изнесува неколку милијарди долари.

Најголеми извозници на оружје во Турција од 2015 до 2019 година се САД, Италија и Шпанија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.