ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меркел даде рок за донесување на построги анти ковид мерки

До среда, германските провинции ќе треба да однесат одлука за построги анти ковид мерки. 

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, им порача на лидерите на нејзината Христијанско-Демократска Унија (ЦДУ) дека веќе преземените мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот се недоволни. 

„Се наоѓаме во многу драматична ситуација. Тоа што е на сила е недоволно“, рече таа. 

Околу 79 отсто од возрасната популација во Германија примиле две дози од вакцината против Ковид-19, но досега само 7,5 отсто ја примиле третата доза.Сè повеќе германски политичари отворено зборуваат за можноста за воведување на обврската за вакцинирање и во Германија, а баварскиот министер за здравство Клаус Холетчек кажа дека обврската за имунизација е средство за излез од пандемијата.

Во Германија од коронавирусот починаа скоро 100.000 луѓе. 

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.