МВР: За 24 часа поднесени 33 кривични пријави и едно известување, на 36 сторители во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19
по член 206 од Кривичниот законик. В.А. се сомничи дека на 19.03.2020 во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13.03.2020, по што повторно бил вратен во изолација.
Против, Ј.С. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, а објектот е затворен.
На 18.03.2020, при извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на угостителски и други објекти во кои се собираат поголема група на граѓани.
Пријавениот, на 17.03.2020, во време на прогласена пандемија од СЗО од коронавирус Ковид-19, иако на 17.03.2020 во 00.50 часот, при остварен влез на ГП Меѓународен аеродром Скопје, на враќање од Барселона, Шпанија, прогласена за држава од висок ризик, добил наредба за самоизолација и под морална и кривична одговорност потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена, но истиот ден, околу 11.30 часот го напуштил неговиот дом.
На 17.03.2020 год во 04.20 часот на ГП Деве Баир, при извршени проверки при влез во нашата држава, било констатирано дека пријавениот допатувал од Р.Словенија и потпишал изјава дека ќе спроведе самоизолација. Пријавениот на 17.03.2020 во 11.00 часот, и покрај изјавата и добиената наредба за задолжителна самоизолација, не се придржувал кон здравствените прописи и го напуштил местото на самоизолација.
Пријавениот, на 18 март 2020 не постапил според врачената писмена наредба од 16.03.2020 и потпишаната своерачна изјава за задолжителна самоизолација од 17 март 2020, при остварен влез во Република Северна Македонија на ГП Табановце по престој во Романија, и го напуштил својот дом.
Пријавениот, на 18.03.2020 го напуштил домот во Зрновци, каде што бил во самоизолација, иако на 16.03.2020, поради враќање од Швајцарија, преку Германија, Австрија, Унгарија, земји определени од СЗО како високо и средноризични, при влез во РСМ на ГП Табановце, своерачно пополнил и потпишал изјава за самоизолација во траење од 14 дена. Со наведените дејствија, пријавениот не постапил според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест.
предвидено по член 206 од Кривичен законик на РСМ. Пријави се поднесени против лицата: В.М. (54), К.Т. (67), Т.Т.(66), Н.Т. (69), М.А.(29) Б.Ј. (63), А.М. (32), Љ.Д. (69), Д.П. (53), Б.М. (60), С.Г. (49), Г.Г. (20), А.Б. (27), сите од Струмица и H.В. (52) од Холандија.
, на 36 сторители во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19.