МВР ГИ НАРАЧА НАЛЕПНИЦИТЕ СО НОВАТА ОЗНАКА „NМК“ Колку ќе ги чинат граѓаните ќе се знае наскоро
Тендерот го доби фирмата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците.Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака „NМК“ за регистарските таблички. Заедно со налепниците се набавуваат и нови регистарски таблички. Тендерот го доби фирмата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. За оваа цел МВР ќе потроши 2,29 милиони евра (141,6 милиони денари) во период од 3 години колку што предвидува договорот за набавката.
Според договорот објавен на страната на јавни набавки компаниите кои го добија тендерот за налепниците зависно од големината за чифт понудиле цена од 25 до 35 денари без ДДВ. Се набавуваат 4 вида двојни налепници според големината и тоа:
со димензии 99×42 милиметри за кои набавната цена на чифт налепници изнесува 35, 4 денари (основна цена 30 денари плус ДДВ од 5,4 денари),
со димензии 85×40 милиметри цената ќе биде 41,3 денар. (основна цена 35 плус ДДВ од 6,3 денари)
со димензии 53×37 милиметри по цена од 35,4 денари (основна цена 30 денари плус ДДВ од 5,4 денари и
со димензии 48×18 милиметри по цена од 29,4 денари (основна цена 30 денари плус ДДВ од 4,5 денари).
Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.Набавната цена на чифт регистарски таблици за возило (образец бр. 1) чинат 637,2 денари со вклучен ДДВ. Единечната цена за чифт регистарски таблички е 540 денари плус ДДВ од 97,2 денари.
Колкава цена за регистарската табличка ќе плаќаат граѓаните не се знае.
Набавката, како што стои во договорот, ќе се реализира сукцесивно според потребите кои ќе ги утврди Министерството за внатрешни работи, а првата испорака треба да почне 30 дена од потпишувањето на договорот (7 декември) односно почетокот на јануари.
Граѓаните треба до 12 февруари да ги заменат регистарските таблички со новата ознака.