ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

МБА: Граѓаните да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен, депозитите се сигурни

Банките смируваат – уверуваат дека нема простор за стравување кај граѓаните околу стабилноста на банкарскиот систем, кои се појавија по затворањето на Еуростандард.-Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем. Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум. Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем. – стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.