ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Масакр во Бирмингем: Осум лица избодени со нож

Во англискиот град Бирмингем, најмалку едно лице е убиено утрово, а седум лица се повредени, од кои две потешко, кога непознат маж излетал на улица и ги нападнал со нож, соопшти полицијата.

Главниот надзорник Стив Грам од полицијата на Западен Мидлендс изјавил дека полицајците сè уште бараат мотив, но дека нема индикации дека нападот со нож е поврзан со тероризам или банда.

Полицијата потврди дека еден маж е убиен, а две лица, маж и жена, имаат сериозни повреди. Уште пет лица беа повредени, а нивните повреди беа опишани како полесни.

„Потврдуваме дека, по синоќешните инциденти, започнавме истрага за убиството“, соопштија од локалната полиција, пренесува „Ројтерс“.

Не е пронајдена врска меѓу жртвите, што ја натера полицијата да верува дека нападот бил извршен по случаен избор.

Како што беше претходно соопштено, полицијата добила повик половина час по полноќ и веднаш излегла на терен со екипите на Итната медицинска помош.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.