ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Малешевијата гори, во пламен се 1.000 хектари шума

Хаос во општините Делчево, Берово и Пехчево. Се апелира за евакуација на некои села. Најпогодени се десетина села. Веќе изгореа некои викендици и напуштени селски куќи. За среќа нема информации за жртви. Жителите oд селата со автомобили и трактори ја собираат покуќнината и бегаат кон Делчево.

Пожарникарите велат дека се работи за тежок непристапен терен, а силниот ветер и високите температури уште повеќе ја отежнуваат интервенцијата. Пожарите само се шират. Сите се надеваат дека ќе се оставри временската прогноза за врнежи од дожд попладнево.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски апелираше жителите на селата Стар Истевник и Нов Истевник, заедно со маалата Пасјак, Балабанци и Курачко Маало да се евакуираат во градската средина.

Пожарот гори веќе три дена, а во пламен е главно борова шума и нискостеблести растенија. На терен се и 200 војници, вработени во шумското стопанство Голак – Делчево, пожарникари од Делчево, Македонска Каменица, од Бугарија, припадници на граничната полиција, на полицијата, доброволци, волонтери од Црвени Крст Делчево… Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.

На територијата на општина Пехчево, кај месноста Бајаз Тепе пожарот е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.