ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Макрон сака да ја види Меркел на чело на Европската комисија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи германската канцеларка Ангела Меркел да стане претседателка на Европската комисија, главното европско извршно тело.

„Ако тоа го сака, ќе ја поддржам“, изјави тој за швајцарската телевизија РТС во вторникот вечер во Женева.

Сепак, Меркел стави до знаење дека нема да бара работа во европската институција по истекот на нејзиниот мандат на канцеларка.

Макрон ја повтори својата резервираност за кандидатурата на Манфред Вебер, изборот на ЕПП, додека Меркел го поддржува германскиот конзервативец.

„Никој не го познава шпиценкандидатот“, рече Макрон користејќи го германскиот термин од европските кругови за водечките кандидати кои се номинирани од главните политички групации во Европскиот парламент.

„На Европа ѝ се потребни познати лица, силни личности, потребни ѝ се луѓе кои имаат личен кредибилитет и компетентност за своите должности“, рече Макрон.

Макрон и Меркел учествуваа во обележувањето на 100-годишнината од Меѓународната организација на трудот во вторникот во Женева, но не се сретнаа на маргините на настанот, изјавија извори од француската и германската влада.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.