ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Макрон по убиството на тројцата полицајци: Тие се наши херои

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги нарече херои полицајците кои беа нападнати и убиени во централна Франција, откако интервенираа за да ја спасат жртвата на семејно насилство.

„Тие се наши херои“, рече Макрон на Твитер и изрази солидарност со француската полиција по убиството на полицајците, пренесува Ројтерс.

Градоначалник на блискиот град Сент Жист, Франсоа Шотар, за локалните медиуми изјави дека специјалните единици веднаш излегле на местото на инцидентот. Тој потврди дека полицијата била повикана поради семејно насилство во село во централна Франција, околу 180 километри западно од Лион.

Жената, за која се вели дека е жртва на семејно насилство, се качила на покривот од куќата, а полицијата успеала да ја спаси.

Тројцата полицајци беа убиени, а еден нивни колега е ранет ноќеска во пукотницата што се случила кога пристигнале во куќа во оддалечено село, одговарајќи на повикот за насилство, пренесоа полицијата и француските медиуми.

Според првичните информации, 48-годишниот маж веднаш почнал да пука кон полицајците кога тие пристигнале во куќата, по што тој си запалил домот.

Мажот осомничен за убиството на тројцата полицајци во централна Франција е пронајден мртов, соопшти соопшти министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека убиените полицајци во инцидентот биле на возраст од 21, 37 и 45 години.

Четвртиот полицаец нема повреди опасни по животот, додаде министерството.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.