Македонците за Духовден побрзаа накај Грција – Колони на граничните премини

Голем број македонски граѓани Духовден ќе го поминат во соседна Грција.
Продолжениот викенд повторно ја зголеми фреквенцијата на граничните премини со јужниот сосед.
Вообичаено, најфреквентно е на Богородица каде бројот на патници во однос на останатите викенди, но и споредбено со ланскиот Духовден бележи зголемување за околу 33%.
Според податоците на пограничните служби, за 24 часа влез и излез од државата оствариле близу 12 000 патници од кои над 7500 се македонски државјани.
Освен на Богородица, зголемена фреквенција на патници и возила во текот на вчерашниот но и денешниот ден беше регистрирана и на граничниот премин Дојран.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: