Македонските надежи свртени кон Брисел, октомври клучен за датум за почеток на преговори
Начинот на кој се води случајот Рекет е уште еден аргумент за добивање на позитивна одлука за почеток на преговорите во октомври, смета премиерот Заев.
И вицепремиерот Османи на состанокот со високата преставничка за надворешна политика Могерини во Брисел вети дека нема да има остапки кога се работи за владеењето на правото. Ова како што истакна не се однесува само на институционалните решенија туку и на тековната борба против корупцијата и криминалот.
Вицепремиерот Османи на средбата со хрватските преставници очекува првото поглавје во преговорите да се отвори за време на престадавањето на Хрватска со Унијата, кое стартува од 1 јануари наредната година.
И министерот за надворешни работи Димитров во интервју за Агенција Европа посочи дека земјата има убедливи аргументи за позитивна одлука во октомври. Шефот на дипломатијата предупреди за ризиците доколку преговорите повторно бидат одложени.
Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистичките сили и популистите ќе се зајакнат. Тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце“, вели Димитров во интервјуто.
Во пресрет на октомвриската одлука, во Скопје утре доага претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Од владата информираа дека европскиот функцуонер ке се состане со премиерот Заев. Мандатот на Туск истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.