Македонскиот текстил се помалку се бара, без работа може да останат работничките над 50 години

Продолжува трендот на намалување на нарачките во македонскиот текстилен сектор, од причина што на пазарот нема доволна побарувачката на текстил, поради рецисијата. Но, како втор поголем проблем е и заминувањето на странските партнери. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека веќе четири штипски конфекции се соочени со намалено производство. Стопанствениците се во грч, но клуч на врата засега не ставаат, се снаоѓаат со домашно производство. Ова се случува поради тоа што брендовите сфатиле дека во нашата земја нема доволно млада работна сила.
Според Димитров, сепак надежта не ги напушта сопствениците на конфекциите ,а по Нова година ќе знаат дали ќе продолжат со производство или ќе мора да ги затворат капацитети. Доколку се случи црното сценарио на улица ќе останат текстилните работнички над 50 години.
Во земјава отворени огласи за вработување има во компаниите во ТИРЗ зоните, но и во домашните индустриски капацитети. Според, вицепремиерот Битиќи на земјава и недостасуваат 10.000 работници, а најмногу во секторите градежништво и угостителство.